| четврток, 6 декември 2018 |

Каратистите на „Макпетрол“ со најмногу освоени медали во Белград

makpetrol

Симона Заборска освојувајќи три златни медали е најдобриот натпреварувач на меѓународниот турнир „Београдски победник 2013“, а нејзиниот клуб Макпетрол, пак, со вкупно 16 освоени медали, од нив седум златни, го освои првото место во генерален пласман во конкуренција на клубови од Србија, Црна Гора, Русија, БиХ и Македонија.

Каратистите на Макпетрол покрај седумте златни одликувања во Скопје донесоа уште пет сребрени и четири бронзени, со што уште еднаш потврдија дека се еден од најдобрите клубови на балканските простори.
Заборска трите златни медали, два освои во поединечна конкуренција – сениорки (до 55 килограми) и во постари Јуниори (до 60 килограми), додека третото одликување го освои во екипна сениорска конкуренција во борби заедно со Сара Радичевска и сестрите Стефановски.
Останатите одликувања за Макпетрол ги освоија Моника Пендаровска (златен медал, кадетки -47 кг), Ангела Мојсовска (златен медал, кадетки -54 кг), Емануел Ристевски (златен медал, јуниори +76 кг), јуниорите екипно во борби – златен медал, Сара Рaдичевска (сребрен медал, сениорки -50 кг), сениори екипно борби сребрен медал, Наташа Стефановска (сребрен медал, сениорки -61 кг), Моника Стефановски (сребрен медал, борби -68 кг), Никола Димитриевиќ (сребрен медал, јуниори -60 кг), Давид Јовевски (бронзен медал, постари јуниор -78 кг), Игор Таневски (бронзен медал, постари јуниори -68 кг), Петар Заборски (бронзен медал, јуниори -76 кг) и Сара Радичевска (бронзен медал, постари јуниорки -53 кг).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top