| четврток, 6 декември 2018 |

Фејсбук одговори за денешните проблеми

20130103-ova-se-najvlijatelnite-lugje-na-fejsbuk-1

Корисниците не можеа да објавуваат статуси, ниту да лајкнуваат туѓи слики или коментари, а овој проблем беше присутен глобално. Од Фејсбук велат дека имале технички проблеми.

Бројни корисници на Фејсбук од 14 часот не можеа да објавуваат нови статуси. Веста набрзо се прошири и на Твитер, а проблемот беше присутен и на десктоп и на преносните уреди.

Од Фејсбук известија дека имаат технички проблеми:

-Денеска наутро имавме сервисирање на мрежата и ги забележавме потешкотиите. Одреден број на корисници не можеа да објавуваат ништо на нивниот ѕид, но проблемот брзо го решивме. Се извинуваме за било какви непријатности кои проблемот можеше да ги предизвика, истакнале од Фејсбук за Фокс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top