
Со трката која викендов се возеше на патеката Плевен во Бугарија заврши Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.
Нашиот најдобар натпреварувач во класата SBKS1000, Сашо Николов – Тумац беше на прагот да влезе во историјата на Македонскиот мотоциклизам со освојување на третото место во генералниот пласман во Источно-Европскиот шампионат, но последната трка му ја скрати радоста. Иако Тумац во Плевен се најде на подиумот освојувајќи го третото место, неговиот директен конкурент, бугаринот Александар Ленев забележа победа на домашната патека и за само 2 бода во генералниот пласман му го одзеде третото место на Тумац.

Нашиот натпреварувач во класата SBKS600, Игор Спиров – Зизи, возеше во рамките на можностите на својот мотоцикл и во големата конкуренција го освои шестото место, со што ја потврди истата позиција и во генералниот пласман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


