| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска гордост се борците во џиу-џица, се вратија од Србија со 10 медали

На силниот турнир во бразилска џиу-џица во Србија, кој се одржа викендов во Белград, македонските претставници се покажаа во најсилно светло, освојувајќи 10 медали во различни категории од огромната конкуренција на над 260 натпреварувачи

Нашата репрезентација во бразилска џиу-џица „The Strongest & Roots BJJ Macedonia“ во саботата настапи на силниот турнир во Србија „BJJ Open 2013“, покрај повеќе од 260 натпреварувачи од Србија, Хрватска, Црна Гора, Грција, Германија, Полска, Чешка, Данска, Унгарија, Русија, Бугарија, Австрија, БиХ, Хрватска, Словенија, Романија и Албанија.

medali1

 

Екипата, која е составена од натпреварувачи од  македонските клубови, официјални членки на Федерацијата на Р. Македонија во бразилска џиу-џица, под водство на селекторот Ивица Алексовски, освоија 10 медали во различни категории и сјајно ја претставија македонската БЏЏ сцена.

medali2-500

Три златни медали освоија Менка Стојаноска, Давид Ровчанин и Бојан Христовски во нивните тежински категории.

Три сребрени недали освоија Селма Биберовиќ, Никола Костадиновски и Александар Заткоски во нивните тежински категории. До 4 бронзени медали се закитија Бојан Диков, Стефан Митров, Менка Стојаноска и Селма Биберовиќ.

Организатор беше Српската федерација за БЏЏ, на чело со црниот појас од Србија, Јован Жерјал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top