| четврток, 6 декември 2018 |

Нова невестинска мода: затегнување кожа во хипербарна комора

hiperbarna komora

Хипербарната комора на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје е нов тренд меѓу невестите во Македонија, пишува „Вест“.
Пет пациентки досега побарале разубавување со чист кислород во хипербарната комора и приватно си ја платиле услугата, која не ја покрива Фондот за здравствено осигурување.
– Третманот за разубавување со чист кислород се користи секаде во светот. На пример, Мадона и Новак Ѓоковиќ имаат нивни лични хипербарни комори бидејќи со овој третман се затегнува кожата и тој дава многу енергија. Од 286 пациенти колку што се третирани во комората, имавме и пет што тоа го побараа од естетски причини, и сите беа на третман пред свадба – вели за весникот директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Смиља Туџарова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top