„Нема ништо чудно во тоа, а и лекари ми потврдиле. Не сум геј, немам трауми од детството, не ме злоупотребувале сексуално, ниту пак сум имала сексуален однос спротивно од мојата волја. Мислам дека сум сосема нормална, само што мразам секс и одлучив никогаш во животот веќе да не минувам низ таа тортура. Мојот сексуален живот дефинитивно заврши иако би сакала да не излезеше така. Секако дека секоја жена сака да сака и да биде сакана, да формира семејство и да има деца“, пишува во писмото на Лиза Смит испратено во Дејли мејл.
Таа има 29 години, но и покрај тоа, на ум е никогаш во животот веќе да не се иссекса.
„Откако знам за себе, презирам секс. Се се врти околу тој збор. Секс. Иако се обидував да го потиснам чувството на гадење, не успевав во тоа“, објаснува Лиза во писмото, која во животот имала три момчиња, а со две од нив и живеела.
„Кога го запознав последното момче, Џон, сфатив дека е невин. Апстиниравме со месеци, но по некое време почна да ми купува подароци за да легнам со него“, вели оваа асексуална девојка, која извесен период одела и на сексуален терапевт. Бидејќи била љубопитна, почнала се повеќе да се информира за својата асексуалност, па така налетала на сајтот asexuality.org и дознала дека не е сама на светот. Целосно и олеснило кога дознала дела на светот постојат дури цел еден процент луѓе кои се асексуални.
Засега Лиза стои на своето и речиси е сигурна дека целиот живот ќе го помине во самотија, без партнер, но потајно се надева дека ќе налета на еден од тој еден процент на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


