| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобрите македонски ракометни екипи во меѓународни натпревари

И двете екипи на Металург, и машката и женската на Вардар се во полн погон

Брзо по настапот на машката селекција на СП нашите најдобри ракометни екипи се враќаат на европската сцена. Машкиот првак Металург денеска отпатува и в недела (13.00) гостува кај Брест Мешков во дуел од СЕХА лигата. Во Белорусија тимот од Автокоманда бара победа за фајнал форот од регионалното натпреварување и се загрева за продолжението од Лигата на шампионите и мечот следната сабота кај Горење.

Панданот на актуелниот шампион, Вардар Про е во Белград на турнир со Метлопластика, Партизан и Нексе. Утре е полуфиналето со клубот од Шабац, а в недела се натпреварите за пласман.

Викендов во Еврокуповите ќе играат и женските екипи на Металург и Вардар.

ЖРК Металург веќе е во Германија за средбите од осминафиналето во Купот на Куп победниците со Туринген. Договорено е двете одмерувања да се случат на гости , утре (18.00) и в недела(15.00), што значително ги намалува шансите на Металург за продор во четврфиналето.

За да не останеме без ракомет овде утре од 17 часот во Борис Трајковски ЖРК Вардар го дочекува рускиот Кубан Краснодар во првиот дуел од четвртфиналето во купот ЕХФ. Очекувањата црвено-црните денеска ги соопштија на прес.

Можеби Русинките се фаворити, но на моите ракометарки им сугерирам да не се оптоваруваат со тоа и во дуелот да влеземе со желба да победиме-рече тренерот на црвено црните Индира Кастратовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top