
Во парк шумата Гази Баба денеска е пуштена во употреба реконструирана трим патека во должина од 2.140 метри.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски рече дека за реализација на овој проект Градот издвои 1,8 милиони денари, а на терен работеа екипите на ЈП„Улици и патишта“ и ЈП„Паркови и зеленило“ коишто градежните работи ги завршија за еден месец.
– Градот Скопје мината година направи пешачка патека којашто е целосно осветлена и води од парк шумата Гази Баба кон населабата Железара со должина од 750 метри, што им овозможи и граѓаните на оваа населбата да ги користат благодетите на оваа шума. Се надевам дека реконструкцијата на оваа трим патека ќе придонесе граѓаните од оваа општина и од нејзините месни заедници во иднина почесто да ја користат за спортување, рекреација и прошетки, истакна градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, рече дека во соработка со Градот континуирано работат на враќање на сјајот на ова рекреативно место и упати апел до граѓаните да ги користат, но и да ги чуваат новите фитнес реквизити што се поставени на трим патеката Гази Баба.

Површината на трим-патеката е 5.186 квадратни метри, а површината под фитнес справите изнесува 470 квадратни метри. Фитнес реквизити на првите три трим станици се изработени 90 отсто од дрво, додека четвртата фитнес станица е со реквизити изработени од железо. Во патеката се вградени 800 кубни метри тампон и 250 кубни метри бела ризла. На целата должина направени се 3 прекопи каде што се поставени 3 армирано бетонски цевки ф/40, за собирање и одведување на атмосферската вода, а има и 3 сливници.
Во парк шумата Гази Баба изграден е еден нов видиковец, поставени се 4 бетонски корпи за отпадоци, 3 нови маси со клупи за седење, 10 нови дрвени корпи за отпадоци, три патокази и 20 мали таблички со нумерирање на должината на патеката.
Покрај трим патеката поставени се и 6 информативни табли коишто ги содржат сите неопходни информации околу конфигурацијата на теренот, одалеченост на секоја од трим станиците од почетокот на патеката до крајот, примери на вежби коишто можат да се изведуваат на спортските реквизити и други информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром
-
Трајановски и Мисајловски на средба со граѓаните и пазарџиите на пазарот во Ѓорче Петров (ФОТО ГАЛЕРИЈА)


