| четврток, 6 декември 2018 |

Дрога пронајдена во стан во Струга

mvrДве поголеми алуминиумски фолии со кафеава прашкаста непозната материја се пронајдени при вчерашниот претрес на стан на улицата .„Кузман Питу“ во Струга . Според полицијата пронајдени се и три црни најлонски фолии помали парчиња, една најлонска фолија-вреќа, еден мобилен телефон „Самсунг“ и една електронска вага марка „CLA“ троник.

Предметите се одземени за понатамошно вештачење, а против Д.У. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top