| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно отстранети двојазичните табли во Вуковар

vukovar_cirilica

Двојазичните латинично-кирилични табли повторно се симнати од зградата на државната управа  во Вуковар, ден по донесувањето на одлуката за повлекување на полицијата  и отстранување на барикадите кои ја обезбедуваа зградата на која се поставени двојазични натписи.

Штабот за одбрана на  Вуковар кој се противи на поставувањето двојазични табли соопшти дека на состанокот пред два дена со премиерот Зоран Милановиќ немало договор да не се симнуваат двојазичните табли. Милановиќ изјави дека двојазичните табли остануваат бидејќи законот мора да се почитува, но дека полицајците повеќе  нема да ги обезбедуваат и дека, кој како ќе се однесува, е прашање на совеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top