| четврток, 6 декември 2018 |

Барса одигра нерешено, Атлетико Мадрид го доживеа првиот пораз

Атлетико Мадрид го доживеа првиот овосезонски пораз и тоа на гостувањето кај Еспањол со 1:0.

Атлетико Мадрид загуби на гостувањето кај Еспањол со 1:0 во последниот меч од саботната програма во шпанската Примера. Ова е прв пораз за „Јорганџиите“ во досегашниот тек од сезоната каде забележаа осум победи.

Единствениот гол падна во 53-тата минута кога по центаршутот на Фуентес, голманот на Атлетико Мадрид Тибо Куртоа реагираше несмасно, па со нога малку ја допре топката, доволно за да заврши во неговата мрежа.

Во полза на Атлетико оди и резултатот на Барселона која одигра само 0:0 на гостувањето кај Осасуна, но Реал Мадрид победи со 2:0 против Малага па ја намали бодовната разлика на два во однос на градските соседи, а три бода во однос на Каталонците.

Резултати Примера 9.коло

Сабота:

Реал Мадрид – Малага 2:0

Валенсија – Реал Сосиедад 1:2

Осасуна – Барселона 0:0

Еспањол – Атлетико Мадрид 1:0

Недела:

Гранада – Хетафе

Алмерија – Рајо Ваљекано

Бетис – Елче

Ваљадолид – Севиља

Понеделник:

Селта – Леванте

Атлетик Билбао – Виљареал

Табела: Барселона 25, Атлетико Мадрид 24, Реал Мадрид 22…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top