Македонија е рангирана на 43. место од вкупно 177 земји на листата на индексот на економски слободи за 2013 година и е најдобро рангирана во регионот. Oд 43 земји во Европа, државата е рангирана на 21. место, што е над просекот за регионот и за светскиот просек.
На листата Албанија е на 58. место, Бугарија на 60., Турција на 69., Црна Гора на 70., Словенија на 76., Хрватска на 78., Србија на 94 место и БиХ на 103. Грција со 55,4 индексни поени е на 117. место и е најлошорангирана од земјите во регионот. Косово не е вклучено на листата.
Со 68,2 индексни поени и 43. место Македонија бележи умерено опаѓање во однос на лани за 0,3 поени и тоа во монтерните слободи, слобода од корупција и слобода на пазарот на трудот. Забележани се и мали подобрување во контролата на владините трошоци и слободата во трговијата.
„Покрај одржувањето на макроеконсмска стабилност таа постигна значаен прогрес во порастот на приходите и намалување на сиромаштијата. Конкурентниот рамен данок и прифатливиот режим на трговија поддржан од релативно ефикасна регулаторна рамка го охрабри развојот на растечкиот претприемачки сектор“, оценуваат од фондација „Херитиџ“ и од весникот „Волстрит журнал“.
Сè уште постојат системски слабости, наведено е во анализата, во однос на заштитата на правата од сопственост и примената на антикорупциски мерки. Слабости има во правосудниот систем, кој е поткопан од корупција и подложен на политичко влијание.
Инаку, Хонгконг 19. година по ред е прогласен за најслободна економија во светот со 89,3 индексни поени од можни 100. На второ место во рангирањето со 88. поени е Сингапур. Меѓу петте лидери што имаат повеќе од 80 индексни поени се, исто така, Австралија, Нов Зеланд и Швајцарија. Последните три места им припаѓаат на Зимбабве, Куба и на Северна Кореја.
Фондација „Херитиџ“ и весникот „Волстрит журнал“ оценките ги донесуваат според 10 категории; степенот на економската и на трговската слобода, отвореноста за инвестиции, мешањето на државата во економијата, како и факторот корупција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


