Германската канцеларка Ангела Меркел која е позната по цврстиот начин за решавање на кризата во еврозоната, денеска ја откри и нејзината мека страна дека многу често пее традиционални германски песни.
-Обожувам да пеам и кога имам прилика пеам традиционални германски песни. Музиката имаше голема улога во мојот живот – рече Меркел.
Меркел вели дека нејзиниот енузијазам за класична музика и изворната германска музика за жал не се одразил на нејзините способности.
-Учев да свирам на флејта и малку клавир, но се покажа дека не сум талентирана па се откажав – вели Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


