| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Јованова помеѓу хрватскиот џет-сет

Денес е третиот ден од тековната модна недела „Первол“ во Загреб. Ревиите на кои се покажува најдоброто од хрватските дизајнери го собра кремот на модниот свет на едно место. На главното модно случување не му одолеа ни останатиот дел од јавниот живот во Хрватска.

Помеѓу многубројните посетители, актери, политичари, пејачи, уметници се најде и нашата Јелена Јованова. Таа синоќа се појави во друштво на младата хрватска актерка Катерина Бабан.

Јелена е во Хрватска веќе подолг период. Серијата „Тајни“ во која таа ја има главната улога секојдневно се снима во Загреб и само што започна со емитување на хрватската телевизија РТЛ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top