| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје вечерва во Загреб

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, вечерва гостуваат во Загреб кај тимот на Цедевита во натпревар од 4.коло на регионалната АБА лига.

Иако без повредениот Дамјан Стојановски и подолг период отсутниот Кирил Николовски, македонскиот првак МЗТ Скопје во дуелот со Цедевита атакува на првата победа на гостински терен сезонава.

Минатата година МЗТ Скопје ги доби двата натпревари против хрватската екипа, која годинава не знае за пораз. Цедевита е единствениот непоразен тим сезонава во АБА лигата, откако загрепчани на гостински терен ги совладаа Мега Визура (72:62) и Задар (73:66), а пред својата публика беа убедливи во дуелот со Крка (83:55).

Стартот на вечерашниот натпревара во Загреб меѓу Цедевита и МЗТ Скопје Аеродром е закажан за 19 часот.

Денеска ќе се играат и мечевите, Будуќност – Цибона и Мега Визура – Крка, додека утре на програмата се останатите четири натпревари: Унион Олимпија – Црвена звезда, Шолнок – Широки, Игокеа – Раднички и Партизан – Задар.

Табела: Цедевита 6 бодови, Црвена звезда 5, Цибона 5, Партизан 5, МЗТ Скопје Аеродром 5, Раднички 5, Крка 5, Широки 5, Будуќност 4, Шолнок 4, Игокеа 4, Задар 4, Мега Визура 3 и Унион Олимпија 3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top