| четврток, 6 декември 2018 |

Обновено: Шурата на претседателот Иванов поминал со полесни повреди

И покрај објавените информации дека братот на сопругата на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е во критична состојба сепак тој е вон сериозна опасност по животот, дознава Република.

Според полициски извори на Телеграф  до несреќата дошло откако Сашо Тоневски, братот на Маја Иванова, изгубил контрола над мотоциклот што го управувал и удрил во метални столпчиња на булеварот „Мајка Тереза“ во близина на Основното училиште „Кочо Рацин“.

Сепак според извори на „Република“ од клиничкиот центар во Скопје Тоневски поминал со полесни повреди набиеници во делот на грбот и на главата но не е во животна опасност.

Според информациите Тоневски не возел пребрзо, носел кацига и заради тоа повредите не се критични.

 

Обновено во 12: 55

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top