Македонските православни црковни општини во во Малме и Гетеборг во Шведска, првоосновани во редовите на македонската дијаспора во Западна Европа, годинава го прославуваат својот 40-годишен јубилеј, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
По повод овој значаен јубилеј, денеска во Малме ќе се изврши осветување на новоизградениот храм „Св.Наум Охридски“. Со светата божествена литургија ќе чиноначалствува Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот Европски г.Пимен и други свешетенослужители.
Прослава на 40-годишниот јубилеј ќе се одржи и во рамки на црковната општина „Св.Кирил и Методиј“ во Гетеборг на 26 октомври. И оваа значајна прослава меѓу македонските верници на подрачјето на Гетеборг со свое присуство ќе ја удостои Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Освен во Малме и Гетеборг, во Шведска функционира уште една македонска црковна општина на подрчајето на Стокхолм, но таа е од понов датум и формирана е пред десетина години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


