Во редицата народни европски претставници со јасна порака е и романската ексминистерка за правда Моника Луиза Маковеј. „Челичната“ дама од Букурешт во интервју за „Република“ бара да се овозможат услови за организирање на претстојните локални избори. Не само тоа, силната поддржувачка на Македонија во ЕУ не отстапува и пред Бугарија и пред Грција и упорно бара – Брисел веднаш да почне преговори за членство со Скопје!
На прашањето на „Република“ за коментар на политичката ситуација во Македонија, опозицискиот бојкот на парламентот и најавите за бојкот на локалните избори, Моника Маковеј вели дека е загрижена од настаните по гласањето во парламентот за Буџетот за 2013 година, од бојкот на Собранието од страна на опозицијата и од намерата да ги бојкотираат локалните избори во март 2013 година.
МАКОВЕЈ: Јас нагласувам дека сите политички партии треба да работат заедно на реформите потребни за напредок на земјата кон ЕУ и за првичната корист на македонските граѓани. Апелирам до опозициските политичари да го прекинат парламентарниот бојкот, да се продолжи со дијалогот и да се овозможи и гарантира нормално функционирање на Собранието и на правното и нормално организирање на претстојните локални избори. Истото важи и за другите земји што пристапија во ЕУ во последните години….
Целиот текст ќе може да го прочитате во новиот број на неделникот „Република“, кој од денеска e во продажба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


