| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал по натпреварот Србија- Македонија: Навивачи сликале српски фудбалери со голи задници

goli zadnici srpski fudbaleri

На натпреварот од квалификациите за светското првенство во фудбал меѓу Србија и Македонија што се одигра во Јагодина се случија низа скандали, почнувајќи од пропустот на српската државна телевизија која нашата земја на потпиша како ФИРОМ, преку непристојното исвиркување на македонската химна, навредливите скандирања за македонските фудбалери и веењето грчки знамиња, па се до последниот- кој излезе на површина денеска.

Поради организацискиот пропуст на домаќините неколку навивачи слободно се шетале низ соблекувалната на српските фудбалери, иако е најстрого забрането, и ги фотографирале како од мајка родени.

Според српските медиуми, најлошо минал Филип Џорџевиќ кој е комплетно гол, а Ненад Томовиќ бил со пешкир. На фотографиите е фатен и Александар Коларон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top