Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Косана Мазнева по трет ќе стане мајка, пишува Вечер.
Мазнева неодамна заплови во брачните води со снимателот Мики Трајковски, а од првиот брак ги има ќерките Ана и Михаела.
Според информациите на Вечер, пратеничката по трет пат ќе добие ќерка. Косана, која инаку важи за една од најубавите во составот на владејачката партија, со Трајковски стапи во брак на почетокот на јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.