
Градоначалникот на Вевчани експресно одговори на заканите на струшкиот градоначалник Села кој претходно се закани дека ќе ја урне „Триумфалната капија“ на влезот од Вевчани.
– Капијата требаше да биде изградена пред спортската сала во Велешта бидејки од тука почнувала територијата на Вевчани. Триумфалната порта на влезот од Вевчани е изградена на територијата на Вевчани, а не на струшка територија вели Цветомир Угриноски градоначалник на Вевчани, пренесува Охриднет.
– Портата по некои правила требаше да се изгради кај училиштето и спортската сала во Велешта, бидејки од тука почнува Вевчанската територија. Портата е изградена на катастарска земја на општина Вевчани. Мислам дека и спортската сала во Велешта е изградена на територија на општина Вевчани како и објектите кои се во таа околина, приватни куќи и некои складишта. Капијата и манастирот кој се гради се длабоко на наша територија, рече Угриновски.
Според Угриноски портата е туристички патоказ за Вевчани бидејки многу граѓани поради кршењето на патоказните табли го одминувале Вевчани и таа не може никому да му смета.
-Тука пред 110 години постоел и манастирот Свети Ѓорѓија кој комплетно бил уништен, а кој ние сега го градиме. Немаме никакви други намери како што Села кажува. Ние воопшто не реагираме, а тие без градежна дозвола како што слушам изградија џамија во Горна Белица. Не постои никаква намера, туку намерата ни е Вевчани да се развива туристички и сите тие објекти се туристички објекти, вели Угриноски.
Цветомир Угриноски вели дека е подготвен да оставри средба со струшкиот градоначалник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


