| четврток, 6 декември 2018 |

Се уште се трага по напаѓачите во Љуботен- за сега нема приведени

makedonska-policija

Потрагата по вооружената група која попладнето отвори оган кон полицајци во близина на скопското село Љуботен се уште трае.

Како што дознава Република, инцидентот се случил попладнето околу 18.30 часот во близина на селото кога поголема вооружена група налетала на припадници на шумската полиција и на мобилната единица алфи. Вооружените луѓе за кои се претпоставува дека се дрвокрадци биле со возила, а откако се приближиле до полицајците почнале да пукаат. Веднаш потоа избегале од местото, а по нив е покрената потрага, но за сега според информациите од МВР се уште нема ниту еден приведено.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top