| четврток, 6 декември 2018 |

Кабранов: Ако бев геј немаше да кријам

Kabranov

Новинарот Ацо Кабранов, раководител на проектот Либертас, жестоко реагира на пишувањата на денешен Вечер во кој индиректно, тој, новинарите Горан Михајловски и Зоран Василевски се посочуваат како хомосексуалци.

Кабранов во неговата денешна колумна на порталот Либертас, користејќи негација, практично демантира дека е хомосексуалец. Тој нема намера да ја тужи за ова Ивона Талевска, главна уредничка на „Вечер“.

„…Од вчера напладне еден куп колеги новинари ме прашуваат, што службено, што приватно, дали на суд ќе и докажувам на Ивона (јас си ја викам силиконката од Сител), и нејзиниот пајташ дека не сум геј, и со тоа погрешен предлог во нивната топ 10 листа новинари хомосексуалци. Во првиот налет реков, да, ќе тужам, ама кога синоќа седнав и размислив, решив дека на ТАРАТАЈКИ како нив нема потреба да објаснувам дека ако сум геј, јас тоа нема да го кријам. Јас сакам слобода и ја почитувам и подржувам слободата и изборот на живот на секого…“, пишува Кабранов.

Целата колумна на порталот Либертас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top