
Вооружениот маж, кој попладнево држеше четворица заложници во филијала на француска банка во Париз, вечерва и се предаде на полицијата.
Мажот околу 14:50 вооружен со пиштол влегол во филијала на банката ЦИЦ во 13-от арондисман на Париз, на Авени де Гобелин, при што земал четворица заложници – две жени двајца мажи.
Прво ги ослободил двете жени, а по еден час и еден од мажите, за на крајот да и се предаде на полицијата и да го ослободи и последниот заложник.
Полицијата соопшти дека мажот барал да преговара и настојувал да му биде доделен државен стан, во кој ќе живее со неговиот син.
– Со помош на локалните власти и префектурата, внимателно го разгледуваме неговото барање, изјави претставник на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)


