| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски не дава, ЕВН и ГТЦ бараат реконструкција на фасадите

gtc
Откако Советот на општина Центар го одби барањето за промена на Деталните урбанистички планови, што според градоначалникот Жерновски ќе значело  легализирање на промената на фасадниот изглед, од ЕВН Македонија денеска уште еднаш ја повторија потребата за реконструкција на зградата.

– Потребата од реконструкција на фасадата на зградата на ЕЛЕМ и ЕВН Македонија е стара неколку години, дури и од времето на поделбата на старото ЕСМ.  Тогаш АД ЕЛЕМ и ЕВН ги поделија согласно договорот за продажба на дистрибуцијата спратовите и просториите. И двете компании мораа да направат внатрешни преуредувања, а фасадата  има недостатоци: проблеми со изолацијата – топлење и ладење на просториите како и протекување на некои места, а за среќа од паѓањето на неколку прозорци немаше посериозни проблеми. Новата фасада на зградата на ЕЛЕМ и ЕВН е планирана пред неколку години и двете компании гледаа да ги запазат сите потребни процедури и избор на идејни решенија и проекти, таа ќе биде енергетски ефикасна, и со неа ќе се анулираат сите недостатоци, а стилот само е одбран за да се вклопи во целиот амбиент на плоштадот.

Дуќанџиите во ГТЦ се жалат дека се потешко се заработува во овој објект. Условите, велат, се катастрофални, речиси и да нема тоалети, новите модерни затворени трговски центри во Скопје им земаа голем дел од работата,а наспроти тоа, се повисоки се сметките за одржување на дуќаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top