| четврток, 6 декември 2018 |

Нова грозоморна снимка од Сирија: Терористи на Ал Каеда обезглавија сириски војник (видео)

obezglaven

Шокантно видео е објавено на интернет на кое се гледа како толпа народ меѓу кои и многу деца присуствуваат на обезглавување на веќе мртво тело. Според сириските сајтови кои ја пренесоа снимката обезглавеното тело припаѓа на сириски војник, а монструмите кои го извршија ова дело се припадници на екстремистичката група Џабат ал Нусра, која соработува со Ал Каеда. Човекот бил обезглавен само затоа што бил припадник на Алавитите.

За време на грозоморниот чин, еден од присутните го предупредува снимателот да го тргне телефонот сомневајќи се дека го снима.

Се претпоставува дека видеото е снимено на 15 август годинава, но снимката е објавена пред десетина дена. Снимката содржи вознемирувачки материјал кој не се препорачува за помали од 18 години и за лица со слабо здравје:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top