
Непознат арамија украл торба оставена во камион, во која имало околу половина милион денари или 8.200 евра.
Во полиција вчера, околу 19.30 часот, во Гевгелија на улица Булевар Гевгелија непознат сторител извршил кражба од паркирано товарно возило „рено мастерм“, сопственост на „Никол трејд“, при што одзел торба во која имало 8.000 евра, 18.000 денари и лични документи, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 500.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


