
Скопјанец бил нападнат и расечен со нож затоа што одбил да ги врати парите од аванс за нива, за која се откажал од продажба.
Според МВР, вчера околу 19 часот во Скопје, пред влезната врата од стан сопственост на Т.Ј. (58), истиот бил малтретиран и нападнат со нож од страна на С.Ѓ. (62) од Охрид, со кого пред неколку месеци се договориле од него да купи плац, за што му бил исплатен аванс од 2.500 евра за потоа истиот да се откаже од купувањето поради што побарал да му бидат вратени парите.
На Т.Ј. му е нанесена телесна повреда, расекотина во пределот на левата рака, при што му е укажана лекарска помош во „Св. Наум Охридски“. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


