Ова истражување беше спроведено само меѓу Британките, меѓутоа не е далеку од вистината за жените од повеќето европски земји. Според студијата која е спроведена на 560 жени на возраст од 18 до 65 за нивните фризерски искуства, просечната британска жена го менува обликот на косата 36 пати во животот.
Шест проценти од испитаничките, пак, ја задржале истата фризура низ целиот живот. Најголемиот дел од жените, поточно 43 проценти, ја менуваат фризурата на секои две години.
Истражувањето, исто така, покажа дека повеќето ја преферираат долгата коса, па промените на должината најчесто се мали, а поретко екстремни. Менувањето на бојата на косата, пак, е најпопуларниот начин за освежување на изгледот.
Колку сте вие отворени за промени, барем кога се работи за вашата коса?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


