Откако на една интернет-страница, што, наводно, е портал, повторно без причина беше плукано по уште една македонска позната личност, овој пат спортски новинар, јавноста се впушти во нова тура на дебата на социјалните мрежи.
Едните на страната на самопрогласениот новинар, другите, во многу поголем број, против него и неговите изметојадачки повраќаници.
Во средината на една таква расправа, едно момче нагласи „Саше со евтини трикови ќе дојде до најпосетена веб-страница, па кога ќе им бапне месечна анализа на агенциите, ќе привлече едно чудо реклами. Не наседнувајте на неговите евтини финти“.
Целата расправа и не беше толку интересна и вредна за спомнување, сѐ додека во неа не се вмеша и Трендо. Тој веќе јасно кажа каде се пишуваат некои „колумни“, а сега кратко и ефикасно одржа и една добра маркетиншка лекција.
„Ако тиражот беше единствен критериум за маркетинг, тоалетната хартија ќе имаше повеќе реклами од кој било весник“.
На истиот пост на „Фејсбук“ се јави и спортскиот новинар Игор Филевски, најпознат како Филе, кој денес беше цел, кој пишува дека на почетокот воопшто не сакал ни да му врати на „кутрото новинарче“, но откако прочитал дека во текстот се споменуваат многу негови пријатели и членови на семејтвото, решил да го возврати ударот.
– А што правиме понатаму со месечната анализа сега кога ќе добие тужба за клевета. Бидејќи не само што сите факти се погрешни, туку и самиот негов извор токму сега и се извинува и поготвува демант на веста и да не давам. Дали сега по тоа вреди да се трча по „лајкови“ по секоја цена? И да се плаќаат судски пенали. И сето тоа пак ќе биде јавно. И да не го повторувам Трендо, во случајов… така да, не е баш така, дека сѐ му е успешно, колку и да собира поени со кликањата на страницата – завршува Филе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.