Триумфалната порта на влезот на општина Вевчани ќе биде урната доколку се наоѓа на територија на општина Струга. Ќе бидат вратени и патните табли на три јазици, како што стоеја порано. Ова вчера го изјави градоначалникот на Струга, Зијадин Села, коментирајќи го отстранувањето на информативната тројазичка табла, пренесува „Алсат-М“.
– Деновиве побарав од Министерството за локална самоуправа да ми ја испратат територијалната поделба и доколку со територијалната поделба тој дел не ѝ припаѓа на општина Вевчани, ја уверувам јавноста дека тие табли таму ќе бидат и на албански јазик и оти ќе биде урната и капијата која е направена во Вевчани. Во границата на Струга нема да дозволам да се прават такви нешта – рече Зијадин Села, градоначалник на Струга.
Отстранувањето на информативната тројазична табла, Села го нарече насилен чин и доказ дека Македонците имаат аверзија кон албанскиот јазик, известува „Алсат-М“.
– Веќе 20 години се соочуваме со оваа проблематика како заедница. Се соочуваме со проблематиката дека се чувствуваме одбиени од институциите на бесмислен начин. Албанците во Македонија никогаш не барале на некој друг да му одземат право, барале права за себе, а барањата на Македонците се бесмислени, постојано бараат да им земаат уште повеќе на Албанците – тврди Села.
Новите информативни табли кои беа поставени пред неколку недели со реконструкцијата на магистралниот пат Струга-Дебар, беа и на албански јазик, но по барање на градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриновски, испратено до Агенцијата за државни патишта, тие се отстранети и заменети со табли на македонски и на англиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Села ќе бара интервенции во Уставот: Во пасошите да стои Албанци/граѓани на Северна Македонија
-
Се бара оставка од Филипче – Алијансата на Албанците незадоволна од работата на министерот за здравство
-
Двајца обвинети за насилство кон Села признаа вина
-
Прекинато судењето за Села: Се онесвести еден од обвинетите