| четврток, 6 декември 2018 |

Започна кошаркарската лига на шампиони

Со трите вчерашни натпревари започна новата сезона на Евролига. На отварањето на сезоната вчера се одиграа два натпревари. Во групата Б се сретнаа екипите на Бросе Баскет и Стразбур. Доминанти во текот на сите 40 минути беа домашните играчи победувајќи со 84-70. Во првиот натпревар од групата Ц кој се одигра во Сиена се сретнаа истоимениот домашен тим и турскиот гигант Галатасарај. Гостите од Истанбул го оправдаа епитетот на фаворити и заслужено ги однесоа првите победнички бодови назад во Турција Тие победија со 84-75.

Во денешната програма испланирани се седум натправари од останатите групи.

Во групата А ќе се одиграат сите три средби. Се среќаваат Будивелник-Фенербахче, Нант-ЦСКА Москва, Барселона-Партизан.
Натправарот Будивелник-Фенербахче кој се играше од 18:00 часот е веќе завршен со победа на гостите од Турција кои со целосен пресврт успееа да ги одземаат двата бода. Тие во последната четвртина победија со 31-7 и го поставија конечниот резултат 84-102. За тимот на Фенербахче настапува Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб. Тој беше дел од првата петорка и за нецели 26 минути на теренот постигна 11 поени четири скокови и две асистенции.

Во групата Б освен вчерашниот натпревар помеѓу Бросе Баскет и Стразбур се вечерва во Турција се среќаваат Анадолу Ефес и Армани Милано, додека утре Жалгирис го пречекува Реал Мадрид.

Групата Ц започна вчера со мечот Сиена-Галатасарај додека остантите два натправари се играат во петок, а силите ќе ги одмерат Зиелона Гора-Баерн и Олимпијакос-Уникаха.

Во групата Д истотака сите три натпревари се играат вечерва. Црвена Звезда-Локомотив Кубан, Литвос Ритас-Панатенаикос и Каха Лаборал е домаќин на Макаби Тел Авив.

Титулата во Евролигата ја брани Олимпијакос во чии редови до минатата сезона настапуваше Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top