Заврши годинешниот аџилак во Мека. Околу 1,4 милион муслимани од 188 земји од целиот светот почнаа да ја напуштаат Саудиска Арабија, откако го извршија својот овогодишен аџилак во Мека, кој мина без инциденти.
Официјално аџилакот завршува утре, но верниците можат да си заминат уште вечерва, откако фрлија камења врз трите големи карпи, што ја симболизираат сатаната, како што проповеда муслиманската традиција во последниот ритуал од аџилакот. Заврши годинешниот аџилак во Мека
Река верници утринава се упатија во Мина, во близина на Мека, каде се наоѓаат карпите. Притоа верниците ја заобиколија Каабата – голем црн камен, околу кој е изградена Големата џамија.
Саудискиот министер за здравство денеска изрази задоволство од фактот што за време на аџилакот немало случаи на заразни заболувања, вклучувајќи го и Блискоисточен респираторен синдром (МЕРС), што досега однесе 60 жртви ширум светот, од кои дури 51 во Саудиска Арабија.
Според властите, годинава во аџилакот учествувале вкупно 1,98 милион верници, во споредба со 3,16 милиони во 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.