Најмалку едно лице загина, а неколкумина други се повредени при силна експлозија што се случи денеска пред Американската амбасада во Анкара, јавиja повеќе светски агенции.
Експлозијата се случила пред главниот влез на заградата на американското дипломатско претсавништво.
Полицијата претпоставува дека најверојатно станува збор за самоубиствен бомбашки напад.
На местото на експлозијата се испратени повеќе полициски и амбулантни возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




