Дрвото кое не дава плод се сече и се фрла во оган, напишал митрополитот на СПЦ во Црна Гора Амфилохие во отворено писмо до организаторите на Парадата на гордоста закажана за 20 октомври, објави српската агенција Б92.
„Гејството“ е „противприроден блуден грев, како и секој друг“, додава Амфилохие кој најавената парада ја нарекува парада на блудноста.
– Црногорската власт ја познае виолентноста на својот народ и неговата вкоренетост во исконските морални вредности, па воопшто не и е лесно – наведува Амфилохие во писмото.
Првата геј парада во Црна Гора беше одржана во јули во Будва и заврши со судир на полицијата и противниците на манифестацијата. Геј парадата на 20 октомври во Подгорица ќе ја обезбедуваат 2 000 полицајци. Министерот за внатрешни работи Коњевиќ нагласи дека тоа е една од најризичните манифестации во Црна Гора, додавајќи дека полицијата ќе ги употреби сите законски средства за да ја гарантира безбедноста на учесниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.