Барак Обама предупреди дека политичката дисфункција и блокада на Америка, ги охрабрила непријателите, а ги онерасположила пријателите на САД. Американскиот претседател додаде дека во кризата во Вашингтон „немало победници„.
Обама ги повика политичарите да се обединат за да го усвојат долгорочниот буџет и да се одречат од манипулациите кои ја загрозуваат економијата. Овој апел доаѓа откако по 11 часови, Сенатот донесе мерки за привремено одблокирање на средствата за федералната влада.
Американскиот Сенат синоќа одлучи да го продолжи важењето на лимитот за задолжување и привремено да одблокира финансиски средства за федералната влада. Одлуката беше донесена со 81 глас „за„ наспроти 18 „против„.
Според тој договор, средствата за финансирање на федералната влада би биле продолжени до 15 јануари, додека лимитот за задолжување би важел до седми февруари, а наредните неколку месеци би биле искористени за конечен договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.