Грчкиот парламент го одложи гласањето за во вторник околу измените на Законот, со што ќе биде овозможено даа се прекине државното финансирање на Златна зора. Дел од пратениците веќе се обвинети за членување во „криминална организација“.
Измените на законот, предложени од грчката коалициска Влада, предвидуваат прекин на државното финансирање на партиите чии лидери или многумина од нејзините членови се изложени на кривичен прогон за „создавање или припадност кон криминална организација“.
Поднесувањето на измените на законот е дел од офанзивата, преземена од Владата против Златна зора, по убиството на раперот антифашист Павлос Фисас, пред еден месец од член на оваа партија.
Шестмина пратеници на Златна зора, која има вкупно 18 мандати во Парламентот, се обвинети за припадност или раководење на криминална организација. Тројца од нив се во притвор, вклучувајќи го и лидерот и основач на партијата.
Парламентот вчера им го одзеде имунитетот на уште тројца пратеници на оваа партија, отворајќи го патот за покренување на истите обвиненија и против нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.