| четврток, 6 декември 2018 |

Русија најавува крај на проблемите околу Иран

Иранскиот шеф на дипломатијата Мохамед- ЏАвад Зарив

Иранскиот шеф на дипломатијата Мохамед- ЏАвад Зарив на прес конференција по разговорите за нуклеарната програма зад затворени врати во Женева

Меѓународните разговори за иранската нуклеарна програма, што се одржаа оваа недела беа „мошне ветувачки“, а новите предлози на Иран би можеле да донесат напредок кој би ставил крај на несогласувањата што постојат меѓу светските сили и Техеран, смета Москва.

– Не би ја потценувал важноста на ова рунда. Според наше мислење иако разговорот беше многу тежок, тој беше мошне ветувачки – изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич.

Новите ирански предлози, според него, би можеле да го покренат преговарачкиот процес и се доказ за намерите на иранската страна дека сака да ги реши прашањата, кои се предмет на загриженост на шестте светски сили. Тој не изнесе детали во врска со иранските предлози.

За разлика од заменик-министерот за надворешни работи на Русија и руски преговарач на разговорите во Женева, Сергеј Рјабков, кој вчера изјави дека ставовите на двете страни се мошне оддалечени и оти нема гаранции дека ќе биде постигнат напредок, Лукашевич звучеше многу пооптимистички, коментираат медиуми.

Русија, која ја изгради првата нуклеарна централа и му продава оружје на Иран, во минатото имаше многу попозитивен став кон Иран во споредба со Западот и помалку се сомневаше дека Техеран би можел да произведе нуклеарно оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top