Руски научници во Новосибирск соопштија дека откриле нов вид на ХИВ вирусот кој се ширел со голема брзина. Овој подвид за прв пат бил детектиран во Новосибирск во 2006 година и според научниците, можеби е најжестока форма на овој вирус во Русија. Заболени има регистрирано и во севернокавказската република Чеченија, како и во Казахстан и Киргизстан.
Новиот вид на ХИВ се шири со невообичаена брзина, соопшти Научниот истражувачки центар во Сибир. Овој подвид е одговорен за повеќе од 50 отсто од новите зарази на ХИВ во тој регион.
Бројот на ХИВ-позитивни лица во областа на Новосибирск порасна за околу две илјади во 2007 година и на 15 илјади минатата година. Според податоците на ООН, источна Европа и Блискиот Исток се единствените региони во светот во кој ХИВ-вирусот е во пораст, а дури 52 отсто новозаразени доаѓаат од Русија. Се смета дека главна причина е неадекватно здравствено и сексуално образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.