| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните избраа како ќе изгледаат плажите во Дојран и во Преспа

Министерството за транспорт и врски организираше анкета за уредување на плажите, на која граѓаните можеа да гласаат за вкупно девет идејни решенија од кои четири се за Преспанско Езеро и пет за Дојранско Езеро.

Електронското гласање за идејно решение за плажите Граница, Титови Пионери, Калдрма, Карач, Градска плажа и Стара Мрдаја на Дојранско Езеро покажа дека идејното решение број 1 доби 49 отсто од вкупниот број гласови.

dojran dojran1 dojran2 dojran3

 

За плажите на Преспанско Езеро граѓаните се одлучиле за две идејни решенија – број 3 (45 отсто од гласовите) и број 2 (44 отсто). Тука е предвидено уредување на плажите Коњско, Претор, Крани, Отешево и Сливница.

dojran 4 r

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top