| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ заштитник на Меккејлеб

Дуел помеѓу Олимпијакос и Фенербахче во Евролигата. Ејси Ло се обиде да го нападне и Лестер Бо Меккејлеб, но тука беше Перо Антиќ да ја реши ситуацијата. Македонските репрезентативци Антиќ и Мекејлеб беа во улога на миротворци на мечот помеѓу Олимпијакос и Фенербахче.

При резултат 40:33 за грчкиот тим, по еден напад на гостите, настана мешаница во која главна улога ја имаа Ејси Ло и Ромејн Сато. Перо Антиќ и Лестер Бо Меккејлеб се обидоа да ја смират ситуацијата, но по само неколку секунди подоцна, Ејси Ло се обиде да го нападне и Мекејлеб. Антиќ беше тука да го заштити својот репрезентативе колега.

На крајот се добро се заврши, а мечот го доби Олимпијакос со 82:71.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top