| четврток, 6 декември 2018 |

Статистика за прометот во индустријата

industrijaПрометот во индустријата во август годинава во однос на август лани е намален за 1,9 процент, објави Државниот завод за статистика.

Споредено со јули, во август прометот во индустријата бележи намалување за 2,5 проценти, а е зголемен за 5,8 проценти во периодот јануари-август годинава, во однос на јануари-август лани.

На домашниот пазар прометот во индустријата во август годинава споредено со август минатата година е намален за 13 проценти, а е зголемен за 4,4 проценти на странските пазари.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот „рударство и вадење камен“ бележи опаѓање од 6,7 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ опаѓање од 1,6 процент.

Според главните индустриски групи, прометот во август годинава, во однос на август 2012 година, бележи пораст кај „енергија“ за 71,8 процент, „капитални производи“ за 15,7 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,2 проценти, додека опаѓање е регистрирано кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 11,1 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 20,5 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top