| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонија има 6.226 модерни робови

moderno ropstvo1

Околу 30 милиони луѓе во светот живеат во услови на современо ропство. Овој проблем, од анализираните 162 земји во светот најистакнат е во Мавританија, а Македонија е најдброрангирана од сите поранешни ју-републики, покажува индексот на ропство, кој првпат е објавен денеска.

Според показателие од мерењето извршено од новоформираната фондација „Оди слободно“ од Перт најголем број луѓе што живеат во услови на ропство има во Индија (13,9 милиони), но земја со најголем процент во однос на вкупниот број жители, (дури четири проценти или 150.000) е Мавританија.

Македонија, како што покажуваат резултатите, е на 80. позиција и е подоброрангирана од сите земји во регионот (освен Грција). Албанија – 51. место, Црна Гора 52. место, Бугарија 56. место, Босна и Србија го делат 59. место, Хрватска е на 61. место, a Словенија на 67. позиција.

Според пресметките на истражувачите, во Македонија во современо ропство живеат 6.226 модерни робови. Бројката е добиена со математички операции и не станува збор за точно изброени лица, а претпоставките се дека вистинската бројка се движи во границите меѓу 5.900 и 6.500.

Земји со најнизок број на модерни робови се Исланд и Велика Британија.

Според дефиницијата на организацијата што го спровела мерењето, во модерно ропство спаѓа секоја практика што потсетува на ропство, како што е должничка зависнисност, присилен брак, продажба и искористување деца, трговија со луѓе и принудна работа.

– На многу влади во светот нема да им се допадне ова што имаме да го кажеме – изјави за агенцијата „Франс прес“ извршниот директор на фондацијата, Ник Гроно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top