Сенатот и Конгресот во САД синоќа изгласаа продолжување на важење на лимитот за задолжување и привремено ги одблокираа финансиските средства за федералната влада. Набрзо по тоа претседателот Барак Обама го потпиша документот, со што САД избегнаа по првпат во историјата да дојдат во ситуација да не можат да го враќаат надворешниот долг.
Во обраќањето до нацијата, Обама рече дека сега треба да се врати довербата кај граѓаните на САД, која била загубена во последните неколку недели.
Тој изрази подготвеност да соработува со републиканците и демократите на секоја „идеја која ќе придонесе да се зголеми бројот на работни места, да се зајакне средната класа и да се среди фискалната ситуација во земјата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.