Двете крила од Вардар, Екатерина Kостјукова и Ана Виноградова, и голманката на Металург, Михаела Иаломитеану, се првите ракометарки што треба да добијат македонски пасоши и да бидат на располагање на новиот селектор Ристо Магдинчев во квалификациите за ЕП 2014 година, пишува Дневник.
Директорот на женската ракометна репрезентација, Емил Угриновски, веќе имал разговор со ракометарките, кои изразиле подготвеност да играат за Македонија. Новиот селектор Ристо Магдинчев би требало на седница на УО наскоро да биде промовиран на оваа функција, особено што комисијата што ги разгледуваше пријавите се одлучи за него како најсоодветен кандидат. УО треба да реши на колку време ќе му понуди договор на Магдинчев и какви резултати ќе се бараат од него.
За да можат да играат за македонската репрезентација, ќе треба да имаат пауза од три години од последниот настап за некоја друга репрезентација или, пак, да добијат дозвола од матичната федерација, но, сепак, тоа да го потврди и ИХФ и да бидат најмалку една сезона во домашното првенство. Овие три ракометарки ги исполнуваат условите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст