Посвежо време од она што бевме навикнати – ваква е прогнозата за денеска. Максимумот на температурата во земјава ќе достигне 17 Целзиусови степени во најтоплиот македонски регион – гевгелискиот. Во останатите места низ Македонија дневниот максимум на температурата ќе биде меѓу 12 и 14 Целзиусови степени. Во текот на денот ќе има постепено намалување на облачноста, но поосетно во текот на вториот дел од денот – вели прогнозата на Метеопро.
Во Скопје првиот дел од денот носи претежно облачно време, а втората постепено намалување на облачноста. Температурата нема да надмине 13 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.