| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија најзагадена земја во ЕУ

smog

Околу 90 проценти од жителите во урбаните средини во Европската унија се изложени на загаден воздух. Загадениот воздух, според стандардите на Светската здравствена организација (СЗО), е класифициран како опасен по здравјето. Иако од 2002 година, според Европската агенција за околина (ЕАО), загадувањето е намалено, голем дел од населението живее во потстандардни услови кога е во прашање квалитетот на воздухот.

Состојбата е најлоша кај нашиот источен сосед Бугарија, каде што воздухот е најзагаден, а веднаш зад неа следува Полска, па потоа северот на Италија. Првите 4 места на листата на најзагадени градови ги заземаат бугарски градови. Градот Перник има над дозволена загаденост во период од дури половина година. За споредба, Штудгард во Германија има само 15 дена во годината со над дозволено загаден воздух, објави Метеопро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top