Претседателот Росен Плевнелиев поседува луксузна куќа на грчкиот полуостров Халкидики, за која ја платил 700.000 евра во кеш. За ова постојат и докaзи – документи во грчките регистри – оти договорот за продажба е склучен во 2007 година, тврди Бугарската телевизиjа ТВ7. Согласно законските процедури во Бугарија, за секое изнесување надвор од земјата суми од над 10.000 лева, треба да се докаже потеклото на парите и дека даноците им се платени. Во случајот со Плевнелиев овие прашања остануваат отворени, оти засега претседателот молчи за обвинувањата.
Истовремено претседателот на „Бугарија без цензура“, Николај Бареков, обелодени документи и факсимили со кои го обвинува бугарскиот претседател дека е вмешан во криминал, и побара тој да си поднесе оставка и кривично да одговара. Tој приложил договор склучен во времето пред да почне политичката кариера на Плевнелиев, врз основа на кој сегашниот претседател успеал да заработи провизија од 70.000 лева. Станува збор за договор склучен меѓу градежната фирма, своевремено во негова сопственост, „Линднер Ирис“, и „Симек“, застапувани од Павлин Kоинов и Милко Талев.
Повеќе на Телеграф.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.