| четврток, 6 декември 2018 |

САД се договориja за буџетот

belata kuka

Лидерите на републиканците и демократите во американскиот Сенат успеаја да постигнат договор за подигнување на нивото на задолженост на земјата и прекинување на блокадата на работата на американската влада. Според тамошните медиуми предлог законот за кој е постигната согласност во Сенатот, ќе мора да биде усвоен и од Претставничкиот дом, каде се очекува да ја добие поддршката на помала група пратеници од Републиканската партија.

Со предлог законот ќе биде подигнато нивото на задолженост до 7-ми февруари и ќе се обезбеди финансирање на владата до 15 јануари наредната година. Планот на Сенатот превидува и формирање заедничка комисија на двата дома на Конгресот која ќе биде задолжена за подготвување долгорочен план за буџетот. Лидерот на демократите во Сенатот, Хари Рид, оцени дека постигнатиот договор со републиканците ќе помогне Соединетите американските држави да се вратат од работ на пропаста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top