| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена фабриката „ВПТЕКС Македонија“

vpteksНајмалку сто вработувања и зголемување на извозот треба да овозможи новоотворената фабрика за производство на работна и заштитна облека „ВПТЕКС Македонија“ на холандската фирма „Van Puijenbroek Textiel“, лоцирана во индустриската зона во село Кадино, општина Илинден. Холандскиот инвеститор што вложи два милиони евра, најавува производство на професионална индустриска и заштитна облека. Веќе се ангажирани 50 вработени, а нивниот број ќе биде зголемен на сто од наредниот месец за кога се најавува воведување втора производствена линија. Во првиот квартал на следната година ќе следува и трета линија.

За изградбата на фабриката според министерот Миле Јанакиески претходеле низа заеднички активности на инвеститорот, Владата и општината. За нас како Влада, истакна Јанакиески, е особено значајно што веќе во фабриката работат 50 лица и според најавите набрзо бројот на вработени ќе достигне 100.

– Значајно е и што фирмата е извозно ориентираната и ќе придонесе за извозот на Македонија, рече Јанакиески.

Според него реализацијата на оваа инвестиција е уште една потврда дека холандските инвеститори веруваат во добрата бизнис клима во Македонија и условите што ги нуди како земја.

Управниот директор на „Van Puijenbroek Textiel“, Роб Кластен, истакна дека новата фабрика е всушност продолжување на нивното традиционално партнерство на македонскиот пазар, на кој што се присутни од пред 45 години. Одлуката за изградба на фабриката во општина Илинден ја донеле поради добрата клима за инвестирање. Илинден, оцени, има добра локација за инвестирање затоа што е во близина на аеродромот и има добра инфраструктура.

– Целта на оваа ВПТЕКС фабрика е да ги опслужи нашите потрошувачи според нивните тековни очекувања и желби. Исто така, планираме да отвориме и продажни канцеларии за изнајмување, чистење на работна облека. Целта не е само брзо и ефикасно да ја произведуваме нашата облека во Македонија, туку исто така и да ја пласираме тука и да го направиме нашиот бренд познат во Македонија, нагласи Кластен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top